истргне
Значење на истргне:
1. Извлече нешто со брзо, еднократно тргнување. Го истргна мечот од појасот.
2. Оттргне, одеднаш одземе нешто. Го истргнаа од мајчината прегратка. Му го истргна писмото од рацете.
Коњугација: истргнаа , истргнав , истргнал , истргнат , истргнат , истргнете , истргни , (ќе) истргнеа , (ќе) истргнев , (ќе) истргнел.
Изведени зборови:
- истргнување, глаг. им. ср.
- се ~ истргне, Се оттргне, се откине, избега. Се истргна од нејзините канџи.
- (се) истргнува, глаг. несв. (се) истргнуваат
Оригинални податоци:
истргне, истргнат; истргни, истргнете; истргнав, истргнаа; истргнал; истргнат; (ќе) истргнев, (ќе) истргнеа; (ќе) истргнел св. 1. Извлече нешто со брзо, еднократно тргнување. Го истргна мечот од појасот. 2. Оттргне, одеднаш одземе нешто. Го истргнаа од мајчината прегратка. Му го истргна писмото од рацете. ● се ~ Се оттргне, се откине, избега. Се истргна од нејзините канџи. ‖ (се) истргнува, (се) истргнуваат несв. ‖ глаг. им. истргнување ср.