истроши
Значење на истроши:
1. Потроши до крај. Ги истрошија резервите.
2. Изрони, направи трошки. Таа истроши малку леб и им го фрли на кокошките.
3. Исцрпи, измори, одземе некому енергија, сила. Болеста сосема го истроши.
Коњугација: истрошат.
Изведени зборови:
- истрошување, глаг. им. ср.
- се ~ истроши, 1. Потроши многу пари. Многу се истрошивме за свадбата. 2. Се исцрпи, се измори. Се истроши и многу ослабе работејќи во две смени.
- (се) истрошува, глаг. несв. (се) истрошуваат
Оригинални податоци:
истроши, истрошат св. 1. Потроши до крај. Ги истрошија резервите. 2. Изрони, направи трошки. Таа истроши малку леб и им го фрли на кокошките. 3. Исцрпи, измори, одземе некому енергија, сила. Болеста сосема го истроши. ● се ~ 1. Потроши многу пари. Многу се истрошивме за свадбата. 2. Се исцрпи, се измори. Се истроши и многу ослабе работејќи во две смени. ‖ (се) истрошува, (се) истрошуваат несв. ‖ глаг. им. истрошување ср.