истури

Глагол, свршен

Значење на истури:

1. Излее, исипе течност од некаде. Одеднаш рипна од столот и ја истури чашата.

2. Исипе нешто ситно, што може да се исипува. Песокот го истурија во дворот зад куќата.

3. (само 3 л.) Падне пороен, силен дожд. Пред еден час истури, а сега повторно грее сонце.

4. (прен.) Излее, преточи некакво чувство во определена реакција. Го истури својот гнев врз оној што беше најмалку виновен. Ја истури сета болка што ја носеше во душата.

Коњугација: истурат.

Изведени зборови:

  • истурање, глаг. им. ср.
  • (се) истура, глаг. несв. (се) истураат
  • се ~ истури, 1. Се излее. Се истури легенот. 2. сп. истури 3. Вчера се истурија дождови. 3. Се изрази во голема мера. Се истури од плачење. Се истури од род.

Оригинални податоци:

истури, истурат св. 1. Излее, исипе течност од некаде. Одеднаш рипна од столот и ја истури чашата. 2. Исипе нешто ситно, што може да се исипува. Песокот го истурија во дворот зад куќата. 3. (само 3 л.) Падне пороен, силен дожд. Пред еден час истури, а сега повторно грее сонце. 4. (прен.) Излее, преточи некакво чувство во определена реакција. Го истури својот гнев врз оној што беше најмалку виновен. Ја истури сета болка што ја носеше во душата. ● се ~ 1. Се излее. Се истури легенот. 2. сп. истури 3. Вчера се истурија дождови. 3. Се изрази во голема мера. Се истури од плачење. Се истури од род. ‖ (се) истура, (се) истураат несв. ‖ глаг. им. истурање ср.