истурка
Значење на истурка:
1. Со туркање помести или отстрани некого, нешто. Ме истуркаа од редот. Ја истуркаа колата од гаража.
2. Турне да паднат повеќемина или повеќе нешта. Пијаните гости ги истуркаа столовите.
3. Изурне, разурне нешто. Ги истуркале старите куќи.
4. (разг.) Оцени слабо на испит многумина, сите. Ги истурка сите, никој не положи.
5. (разг.) а) Истера, стигне до определено време (со храна, со пари и сл.) Којзнае дали ќе го истуркаме месецов со платата. б) Направи нешто со голем напор, некако, на некој начин. Мора да ја истуркаме работава.
Коњугација: истуркаат.
Изведени зборови:
- се ~ истурка, Со туркање се пробие. Се истурка и седна во првиот ред.
- (се) истуркува, глаг. несв. (се) истуркуваат
Оригинални податоци:
истурка, истуркаат св. 1. Со туркање помести или отстрани некого, нешто. Ме истуркаа од редот. Ја истуркаа колата од гаража. 2. Турне да паднат повеќемина или повеќе нешта. Пијаните гости ги истуркаа столовите. 3. Изурне, разурне нешто. Ги истуркале старите куќи. 4. (разг.) Оцени слабо на испит многумина, сите. Ги истурка сите, никој не положи. 5. (разг.) а) Истера, стигне до определено време (со храна, со пари и сл.) Којзнае дали ќе го истуркаме месецов со платата. б) Направи нешто со голем напор, некако, на некој начин. Мора да ја истуркаме работава. ● се ~ Со туркање се пробие. Се истурка и седна во првиот ред. ‖ (се) истуркува, (се) истуркуваат несв.