исуши
Значење на исуши:
1. Направи нешто да биде суво. Овој крем ми ја исуши кожата. Ја исуши косата со фен.
2. (прен., разг.) Испие, испразни до капка. Си го исушил шишето.
3. (прен., разг.) Силно удри некого, нанесе силна болка. Го исуши по рака.
Коњугација: исушат.
Изведени зборови:
- исушување, глаг. им. ср.
- се ~ исуши, 1. Стане сув. Грлото му се исуши од викање. 2. За растение ‒ овене. Се исуши цвеќето. Гранките на јоргованот се исушија. 3. (прен.) Стане слаб, ослаби. Се исуши од грижи. 4. (прен., разг.) За мускул ‒ атрофира, ја изгуби функцијата. Му се исуши левата рака.
- (се) исушува, глаг. несв. (се) исушуваат
Оригинални податоци:
исуши, исушат св. 1. Направи нешто да биде суво. Овој крем ми ја исуши кожата. Ја исуши косата со фен. 2. (прен., разг.) Испие, испразни до капка. Си го исушил шишето. 3. (прен., разг.) Силно удри некого, нанесе силна болка. Го исуши по рака. ● се ~ 1. Стане сув. Грлото му се исуши од викање. 2. За растение ‒ овене. Се исуши цвеќето. Гранките на јоргованот се исушија. 3. (прен.) Стане слаб, ослаби. Се исуши од грижи. 4. (прен., разг.) За мускул ‒ атрофира, ја изгуби функцијата. Му се исуши левата рака. ‖ (се) исушува, (се) исушуваат несв. ‖ глаг. им. исушување ср.