итар
Значење на итар:
1. Што е паметен, интелигентен, умен. Итар си ти, ќе знаеш како да постапиш.
2. Што е остроумен, досетлив, снаодлив, вешт. Со еден итар скок срната им се изгуби од пред очи.
3. Што е лукав. Итри трговци. Итра измама.
Членувана форма: итриот.
Изведени зборови:
- итро, прил. Итро се насмевна.
- итрост, и. ж. сп. итрина. Од него зрачеше итрост и снаодливост.
Фразеолошки израз / поговорка:
Итра лисица среде стапица ‒ кога некој кој обично е поитар од другите ќе биде изигран. Итриот и будалата се токму ‒ човекот треба еднакво да се заштити и од итар човек и од будала. Итар Пејо – лик од народните приказни, многу итар човек.
Оригинални податоци:
итар, итриот прид. 1. Што е паметен, интелигентен, умен. Итар си ти, ќе знаеш како да постапиш. 2. Што е остроумен, досетлив, снаодлив, вешт. Со еден итар скок срната им се изгуби од пред очи. 3. Што е лукав. Итри трговци. Итра измама. ◊ Итра лисица среде стапица ‒ кога некој кој обично е поитар од другите ќе биде изигран. Итриот и будалата се токму ‒ човекот треба еднакво да се заштити и од итар човек и од будала. Итар Пејо – лик од народните приказни, многу итар човек. ‖ итро прил. Итро се насмевна. ‖ итрост ж. сп. итрина. Од него зрачеше итрост и снаодливост.