Оригинални податоци:
из- (ис-) претставка за образување на глаголи со значењата: 1. Управеност на дејството надвор или нагоре, според значењето на основниот глагол, од некое место, издвојување од некоја средина: избега, извади, извлече, изгони, излее, излета, ископа (од некаде), истера. 2. Полно извршување на глаголското дејство, доведување до резултат: избрише, извежба, изгасне, издроби, измие, изора, изрони, искине, испреде, истреби, истриже, исчита. 3. Извршување на дејството во голема мера, темелно: извари, извиди, изгледа, излепи, измеси, испраша, испроба, истокми. 4. Дејство што опфаќа повеќе објекти или субјекти: избакне, изгине, изгости, издави, излови, изроди, изумре, изколе, истепа.