избега

Глагол, свршен

Значење на избега:

1. Се оддалечи со трчање; бега Избега од бојното поле. Прасето избегало од кочината.

2. Напушти некого, се дели од нешто; бега 3. Стојанка избега од мажот. Кучето му избега на овчарот. Рибата му избега.

3. Напушти место. Избега од жештините. Избегал од затвор. Учениците избегаа од првиот час. Избега од дома. Избега во Америка.

4. Ми (ти, му...). а) Успее да побегне некому. Му избега и се скри некаде. б) За превозно средство ‒ замине пред да стигне, не успее да стигне на време. Му избега возот.

5. а) Направи да се омажи за некого без дозвола од родителите; бега 4. Тие ја избегале девојката за момче од нивното село. Тој ја избега девојката б) Се омажи беа дозвола од родителите. Таа избега по Богдана / за Дамета.

6. (прен.) Забележи, не испушти од вид. Тоа не му избега на неговото ловечко око. Не му избега од око нејзината срамежливост.

Коњугација: избегаат.

Изведени зборови:

  • избегува, глаг. несв. избегуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Му избега работата од раце ‒ не може да ги контролира случувањата, настаните. Лебот ќе избега од куќа (ако се јаде со нечисти раце) ‒ ќе нема леб.

Оригинални податоци:

избега, избегаат св. 1. Се оддалечи со трчање; сп. бега 1. Избега од бојното поле. Прасето избегало од кочината. 2. Напушти некого, се дели од нешто; бега 3. Стојанка избега од мажот. Кучето му избега на овчарот. Рибата му избега. 3. Напушти место. Избега од жештините. Избегал од затвор. Учениците избегаа од првиот час. Избега од дома. Избега во Америка. 4. Ми (ти, му...). а) Успее да побегне некому. Му избега и се скри некаде. б) За превозно средство ‒ замине пред да стигне, не успее да стигне на време. Му избега возот. 5. а) Направи да се омажи за некого без дозвола од родителите; бега 4. Тие ја избегале девојката за момче од нивното село. Тој ја избега девојката б) Се омажи беа дозвола од родителите. Таа избега по Богдана / за Дамета. 6. (прен.) Забележи, не испушти од вид. Тоа не му избега на неговото ловечко око. Не му избега од око нејзината срамежливост. ◊ Му избега работата од раце ‒ не може да ги контролира случувањата, настаните. Лебот ќе избега од куќа (ако се јаде со нечисти раце) ‒ ќе нема леб. ‖ избегува, избегуваат несв.