избегне
Значење на избегне:
Спречи несакан настан, ситуација. Претседателот го избегна атентатот. Го избегна ударот. Ја избегне средбата. Го избегна одговорот на прашањето. Го избегна непријатниот разговор. Избегна голема несреќа.Коњугација: избегнаа , избегнав , избегнал , избегнат , избегнат , избегнете , избегни , (ќе) избегне, (ќе) избегнеа , (ќе) избегнев .
Изведени зборови:
- избегнува, глаг. несв. избегнуваат 1. сп. избегне. Тој избегнува да одговори на прашањето. Возејќи по селскиот пат, вешто ги избегнува дупките. 2. Одбегнува, намерно изостава средба со некого. Другарите го избегнуваа во последно време. 3. Одбира, врши избор на нешто. Треба да се избегнуваат слаби и суви почви.
- избегнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
избегне, избегнат; избегни, избегнете; избегнав, избегнаа; избегнал; избегнат; (ќе) избегнев, (ќе) избегнеа; (ќе) избегне св. Спречи несакан настан, ситуација. Претседателот го избегна атентатот. Го избегна ударот. Ја избегне средбата. Го избегна одговорот на прашањето. Го избегна непријатниот разговор. Избегна голема несреќа. ‖ избегнува, избегнуваат несв. 1. сп. избегне. Тој избегнува да одговори на прашањето. Возејќи по селскиот пат, вешто ги избегнува дупките. 2. Одбегнува, намерно изостава средба со некого. Другарите го избегнуваа во последно време. 3. Одбира, врши избор на нешто. Треба да се избегнуваат слаби и суви почви. ‖ глаг. им. избегнување ср.