избели
Значење на избели:
1. Направи нешто да стане бело; бели Новиот детергент убаво ги избели алиштата.
2. Премачка со бела боја; бели 2. Го избеливме одајчето.
3. Соголи прачка, ја ослободи од кората. Таа ја избели прачката од дуња со која си играше.
Коњугација: избелат.
Изведени зборови:
- избелување, глаг. им. ср.
- се ~ избели, Стане бел. Платното убаво се избели.
- (се) избелува, глаг. несв. (се) избелуваат
Оригинални податоци:
избели, избелат св. 1. Направи нешто да стане бело; бели 1. Новиот детергент убаво ги избели алиштата. 2. Премачка со бела боја; бели 2. Го избеливме одајчето. 3. Соголи прачка, ја ослободи од кората. Таа ја избели прачката од дуња со која си играше. ● се ~ Стане бел. Платното убаво се избели. ‖ (се) избелува, (се) избелуваат несв. ‖ глаг. им. избелување ср.