избие
Значење на избие:
1. а) Се појави, излезе на површина. Младите стебленца избија на површината. б) Се пробие напред, стигне на некое место. Најпосле избил во првите редови. Изутрината избивме на некоја рамнина.
2. (прен.) Дојде до израз. На површина изби онаа сила на развојот што беше дотогаш потисната.
3. Со удар, со сила извади, направи да излезе, да испадне нешто. Мајсторот ја изби шајката од штицата. Му ја изби сабјата од раката.
Коњугација: избив , избиен, избиј , избија , избијат , избијте , избил , (ќе) избиев , (ќе) избиеја , (ќе) избиел .
Изведени зборови:
- избива, глаг. несв. избиваат
- избивање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
избие, избијат; избиј, избијте; избив, избија; избил; (ќе) избиев, (ќе) избиеја; (ќе) избиел; избиен св. 1. а) Се појави, излезе на површина. Младите стебленца избија на површината. б) Се пробие напред, стигне на некое место. Најпосле избил во првите редови. Изутрината избивме на некоја рамнина. 2. (прен.) Дојде до израз. На површина изби онаа сила на развојот што беше дотогаш потисната. 3. Со удар, со сила извади, направи да излезе, да испадне нешто. Мајсторот ја изби шајката од штицата. Му ја изби сабјата од раката. ‖ избива, избиваат несв. ‖ глаг. им. избивање ср.