избор

Именка, машки род

Значење на избор:

1. Избирање и резултат од избирање. Тоа е мојот избор.

2. Тоа од што може да се избира. Голем избор на накит.

3. Тоа што е избрано од некое множество. Тој подготви избор на песни, раскази. Антологиски избор.

4. Можност да се избира, да се земе едно или друго решение. Немам друг избор.

5. (обично во мн.) Постапка со која се остварува и се обезбедува организирано учество на граѓаните, односно на избирачите во изборот на политички претставници. Избираме пратеници за новиот парламент.

Множина: избори.

Оригинални податоци:

избор, мн. избори м. 1. Избирање и резултат од избирање. Тоа е мојот избор. 2. Тоа од што може да се избира. Голем избор на накит. 3. Тоа што е избрано од некое множество. Тој подготви избор на песни, раскази. Антологиски избор. 4. Можност да се избира, да се земе едно или друго решение. Немам друг избор. 5. (обично во мн.) Постапка со која се остварува и се обезбедува организирано учество на граѓаните, односно на избирачите во изборот на политички претставници. Избираме пратеници за новиот парламент.