изброи

Глагол, свршен

Значење на изброи:

1. Изговори броеви по ред; брои Детето изброја до сто без грешка.

2. Утврди колку единици има во едно множество; брои 2. Продавачот ги изброи парите и ја затвори касата.

3. Наброи некому пари, даде, исплати пари. Му ги изброи парите пред сведоци.

Коњугација: изброија , изброј , избројав избројаа и изброив , избројал и изброил , избројан и изброен , избројат , избројте , (ќе) изброев , (ќе) изброеја , (ќе) изброел.

Изведени зборови:

  • избројување, глаг. им. ср.
  • се ~ изброи, Се преброи како дел од некое множество. На ридот се избројавме колку сме останале.
  • (се) избројува, глаг. несв. (се) избројуваат

Оригинални податоци:

изброи, избројат; изброј, избројте; избројав избројаа и изброив, изброија; избројал и изброил; избројан и изброен; (ќе) изброев, (ќе) изброеја; (ќе) изброел св. 1. Изговори броеви по ред; сп. брои 1. Детето изброја до сто без грешка. 2. Утврди колку единици има во едно множество; сп. брои 2. Продавачот ги изброи парите и ја затвори касата. 3. Наброи некому пари, даде, исплати пари. Му ги изброи парите пред сведоци. ● се ~ Се преброи како дел од некое множество. На ридот се избројавме колку сме останале. ‖ (се) избројува, (се) избројуваат несв. ‖ глаг. им. избројување ср.