избувне

Глагол, свршен

Значење на избувне:

1. Се појави, започне со голема сила (за појави што нагло се развиваат: војна, востание, пожар итн.) Од вулканот избувна лава. Во плевната избувна пожар. Во целата земја избувна востание.

2. (прен.) Пројави, изрази силно чувство (возбуда, гнев и сл.) Тој избувна: „Их, што човек си ти“.

Коњугација: избувнаа , избувнав , избувнал , избувнат , избувнат , избувнете , избувни , (ќе) избувнеа , (ќе) избувнев , (ќе) избувнел.

Изведени зборови:

  • избувнува, глаг. несв. избувнуваат
  • избувнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

избувне, избувнат; избувни, избувнете; избувнав, избувнаа; избувнал; избувнат; (ќе) избувнев, (ќе) избувнеа; (ќе) избувнел св. 1. Се појави, започне со голема сила (за појави што нагло се развиваат: војна, востание, пожар итн.) Од вулканот избувна лава. Во плевната избувна пожар. Во целата земја избувна востание. 2. (прен.) Пројави, изрази силно чувство (возбуда, гнев и сл.) Тој избувна: „Их, што човек си ти“. ‖ избувнува, избувнуваат несв. ‖ глаг. им. избувнување ср.