издаде

Глагол, свршен

Значење на издаде:

1. Даде нешто до крај, целосно, колку што имало за давање; даде Ги издаде сите книги на другарите и другарките.

2. Даде документ, снабди, обезбеди со документ. Тој ќе ти издаде дозвола за возачки испит. Издаде лекарско уверение.

3. а) Даде на заем, на услуга, на употреба. Библиотеката во мај издала 1000 книги на своите членови. б) Даде под наем. Две соби од куќата издадов под наем на студенти. Го издаде дуќанот.

4. Печати, објави книга или друг печатен материјал. Писателот ја издаде и третата книга од својот роман.

5. Изврши предавство. Заробениот не ги издаде своите соборци.

6. Одаде, овозможи да се открие. Тој беше убаво маскиран, но гласот го издаде.

7. За дел од телото на човек или животно ‒ попушти, изнемошти, откаже. Стариот го издадоа нозете, не можеше повеќе да оди. Го издаде силата.

8. Истакне напред, надвор, покаже да се види. Змијата ја издаде за момент главата надвор и пак се повлече во дупката. Ќе издадеш една летва од таванот надвор и на неа ќе го закачиш знамето.

9. Заповеда, нареди. Издаде наредба. Издаде команда.

Коњугација: издадат , издаден, издадоа , издадов , издај , издајте , издал , (ќе) издадеа , (ќе) издадев , (ќе) издадел .

Изведени зборови:

  • се ~ издаде, 1. Се открие, се искаже. Мојот другар ќе се издадеше пред непознатиот ако не го буцнев со лактот. 2. Се претстави. Дошлакот се издаде пред нас, пред луѓето за некаков функционер на Партијата.

Оригинални податоци:

издаде, издадат; издај, издајте; издадов, издадоа; издал; (ќе) издадев, (ќе) издадеа; (ќе) издадел; издаден св. 1. Даде нешто до крај, целосно, колку што имало за давање; сп. даде 1. Ги издаде сите книги на другарите и другарките. 2. Даде документ, снабди, обезбеди со документ. Тој ќе ти издаде дозвола за возачки испит. Издаде лекарско уверение. 3. а) Даде на заем, на услуга, на употреба. Библиотеката во мај издала 1000 книги на своите членови. б) Даде под наем. Две соби од куќата издадов под наем на студенти. Го издаде дуќанот. 4. Печати, објави книга или друг печатен материјал. Писателот ја издаде и третата книга од својот роман. 5. Изврши предавство. Заробениот не ги издаде своите соборци. 6. Одаде, овозможи да се открие. Тој беше убаво маскиран, но гласот го издаде. 7. За дел од телото на човек или животно ‒ попушти, изнемошти, откаже. Стариот го издадоа нозете, не можеше повеќе да оди. Го издаде силата. 8. Истакне напред, надвор, покаже да се види. Змијата ја издаде за момент главата надвор и пак се повлече во дупката. Ќе издадеш една летва од таванот надвор и на неа ќе го закачиш знамето. 9. Заповеда, нареди. Издаде наредба. Издаде команда. ● се ~ 1. Се открие, се искаже. Мојот другар ќе се издадеше пред непознатиот ако не го буцнев со лактот. 2. Се претстави. Дошлакот се издаде пред нас, пред луѓето за некаков функционер на Партијата.