издига
Значење на издига:
1. Крева, крене нагоре, виши, извиши. Орелот ја издига желката високо над карпите. Таа го издига јајцето до висина на нивните усти и го залулува конецот.
2. Изѕида, изгради во височина; дига, дигне 3. Многу брзо ја издигаа куќата.
3. (разг.) а) Земе сè што може да се земе од некаде, наеднаш, со брзање. Бегалците издигале сè од куќата и заминале. б) Украде, земе насила. Крадците ја издигале сета покуќнина и избегале. Го издигаа тутунот и го пренеле преку граница. в) Искупи, искупува сè, до крај. По веста за поскапувањето, издигале сè од дуќаните.
4. (прен.) Прави да се чувствува важен, значаен, да има високи квалитети. Идеалот за слобода го издига борецот до невидени висини. Таа сила од правта го издига бедниот.
Коњугација: издигаат.
Изведени зборови:
- издигање, глаг. им. ср.
- се ~ издига, 1. Се виши, се извишува, стои високо; сп. се дига, дигне 1. Над селскиот пат се издига еден голем рид. 2. Се крева, се движи нагоре. Чадот од цигарите се издигаше нагоре.
Оригинални податоци:
издига, издигаат св. и несв. 1. Крева, крене нагоре, виши, извиши. Орелот ја издига желката високо над карпите. Таа го издига јајцето до висина на нивните усти и го залулува конецот. 2. Изѕида, изгради во височина; сп. дига, дигне 3. Многу брзо ја издигаа куќата. 3. (разг.) а) Земе сè што може да се земе од некаде, наеднаш, со брзање. Бегалците издигале сè од куќата и заминале. б) Украде, земе насила. Крадците ја издигале сета покуќнина и избегале. Го издигаа тутунот и го пренеле преку граница. в) Искупи, искупува сè, до крај. По веста за поскапувањето, издигале сè од дуќаните. 4. (прен.) Прави да се чувствува важен, значаен, да има високи квалитети. Идеалот за слобода го издига борецот до невидени висини. Таа сила од правта го издига бедниот. ● се ~ 1. Се виши, се извишува, стои високо; сп. се дига, дигне 1. Над селскиот пат се издига еден голем рид. 2. Се крева, се движи нагоре. Чадот од цигарите се издигаше нагоре. ‖ глаг. им. издигање ср.