издигнат
Значење на издигнат:
1. Што се издигнал во физичка смисла. Површинскиот слој на земјата останува издигнат.
2. Што е истакнат со своето дејствување, влијание, што е над својата средина во интелектуална смисла. Издигната средина. Поиздигнатите учители собирале народни умотворби.
Членувана форма: издигнатиот.
Изведени зборови:
- издигнатост, и. ж.
Оригинални податоци:
издигнат, издигнатиот прид. 1. Што се издигнал во физичка смисла. Површинскиот слој на земјата останува издигнат. 2. Што е истакнат со своето дејствување, влијание, што е над својата средина во интелектуална смисла. Издигната средина. Поиздигнатите учители собирале народни умотворби. ‖ издигнатост ж.