издигне

Глагол, свршен

Значење на издигне:

1. Дигне високо одеднаш; дигне Големиот бран го издигна високо чунот.

2. За дел од телото ‒ подигне, направи движење нагоре. Ги издигна веѓите и го погледна од страна.

3. (прен.) Крене, доведе над некоја поранешна ситуација, состојба, положба итн. Го издигна од калта. Нивната желба ја издигна на ниво на закон. Тој принцип ќе го издигнеме на ниво на сеопшто барање.

4. (прен.) Крене високо, возвиши. Обожувачите ја издигнале на степен на небесна царица. Приказната ја издигна на степен на легенда.

Коњугација: издигнаа , издигнав , издигнал , издигнат , издигнат , издигнете , издигни , (ќе) издигнеа , (ќе) издигнев , (ќе) издигнел.

Изведени зборови:

  • издигнување, глаг. им. ср.
  • се ~ издигне, 1. Се крене во височините; сп. дигне 1. Неговите гулаби се издигнаа високо во небото. 2. За небесно тело ‒ Сонце. Сонцето се издигнало над езерото. 3. Се крене над некоја поранешна положба, состојба и сл. Таа се издигна над несреќата што ја снајде. Тој се издигнал над личниот интерес.
  • (се) издигнува, глаг. несв. (се) издигнуваат

Оригинални податоци:

издигне, издигнат; издигни, издигнете; издигнав, издигнаа; издигнал; издигнат; (ќе) издигнев, (ќе) издигнеа; (ќе) издигнел св. 1. Дигне високо одеднаш; сп. дигне 1. Големиот бран го издигна високо чунот. 2. За дел од телото ‒ подигне, направи движење нагоре. Ги издигна веѓите и го погледна од страна. 3. (прен.) Крене, доведе над некоја поранешна ситуација, состојба, положба итн. Го издигна од калта. Нивната желба ја издигна на ниво на закон. Тој принцип ќе го издигнеме на ниво на сеопшто барање. 4. (прен.) Крене високо, возвиши. Обожувачите ја издигнале на степен на небесна царица. Приказната ја издигна на степен на легенда. ● се ~ 1. Се крене во височините; сп. дигне 1. Неговите гулаби се издигнаа високо во небото. 2. За небесно тело ‒ Сонце. Сонцето се издигнало над езерото. 3. Се крене над некоја поранешна положба, состојба и сл. Таа се издигна над несреќата што ја снајде. Тој се издигнал над личниот интерес. ‖ (се) издигнува, (се) издигнуваат несв. ‖ глаг. им. издигнување ср.