издолжен
Значење на издолжен:
1. Што е подолг од вообичаеното. Издолжен врат. Издолжено лице.
2. Што станал долг повеќе од порано. Сенките беа издолжени од ламбата што светкаше на едниот крај од собата.
Членувана форма: издолжениот.
Изведени зборови:
- издолженост, и. ср.
Оригинални податоци:
издолжен, издолжениот прид. 1. Што е подолг од вообичаеното. Издолжен врат. Издолжено лице. 2. Што станал долг повеќе од порано. Сенките беа издолжени од ламбата што светкаше на едниот крај од собата. ‖ издолженост ср.