издолжи

Глагол, свршен

Значење на издолжи:

Продолжи, направи да биде подолго од порано; Го издолжи вратот кон луѓето што влегуваа.

Коњугација: издолжат.

Изведени зборови:

  • издолжување, глаг. им. ср.
  • се ~ издолжи, 1. Се продолжи повеќе од порано. Сенките се издолжија при слабата светлина. Лицето му се издолжи и зашили. 2. Се испружи во легната положба. Децата најдоа празно место на плажата и се издолжија на песокта.
  • (се) издолжува, глаг. несв. (се) издолжуваат

Оригинални податоци:

издолжи, издолжат св. Продолжи, направи да биде подолго од порано; должи2. Го издолжи вратот кон луѓето што влегуваа. ● се ~ 1. Се продолжи повеќе од порано. Сенките се издолжија при слабата светлина. Лицето му се издолжи и зашили. 2. Се испружи во легната положба. Децата најдоа празно место на плажата и се издолжија на песокта. ‖ (се) издолжува, (се) издолжуваат несв. ‖ глаг. им. издолжување ср.