издрдори

Глагол, свршен

Значење на издрдори:

1. Дрдори, кажува некому нешто што не треба да се каже. Тој издрдорел за состанокот пред полицајците.

2. Кажува нешто безначајно, сè и сешто. За кусо време издрдори секакви глупости.

Коњугација: издрдорат.

Изведени зборови:

  • се ~ издрдори, Каже нешто што не треба. Се издрдори пред комшиите.

Оригинални податоци:

издрдори, издрдорат св. 1. Дрдори, кажува некому нешто што не треба да се каже. Тој издрдорел за состанокот пред полицајците. 2. Кажува нешто безначајно, сè и сешто. За кусо време издрдори секакви глупости. ● се ~ Каже нешто што не треба. Се издрдори пред комшиите.