издржи

Глагол, свршен

Значење на издржи:

1. а) Истрпи, поднесе; истрае. Болниот ја издржа операцијата. Пливачот издржа две минути под вода. б) Се совлада. Тој не издржа да не викне (да не се насмее, да не стане од креветот итн.) 2. а) Докрепи, се држи да остане неоштетен. Покривот не ја издржа тежината на снегот. Насипот ја издржа стихијата на дотечената река. б) Се одржи, задоволи определени барања, критериуми. Неговиот прв роман не ја издржа критиката. Машините не ја издржаа пробата.

2. Придржи мало дете при вршење нужда. Мајката го издржа детето.

Коњугација: издржаа , издржав , издржал , издржан , издржат , издржете , издржи , (ќе) издржеа , (ќе) издржев , (ќе) издржел.

Изведени зборови:

  • издржува, глаг. несв. издржуваат 1. Истрпува, поднесува, сп. издржи 1. 2. повт. кон зн. 3, издржи. 3. а) Му дава, му обезбедува некому средства за живот. Селаните го издржуваа попот. Јас ги издржувам моите родители. ● се ~ Сам се издржува, си обезбедува средства за живот, за задоволување на животните потребите.
  • издржување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

издржи, издржат; издржи, издржете; издржав, издржаа; издржал; издржан; (ќе) издржев, (ќе) издржеа; (ќе) издржел св. 1. а) Истрпи, поднесе; истрае. Болниот ја издржа операцијата. Пливачот издржа две минути под вода. б) Се совлада. Тој не издржа да не викне (да не се насмее, да не стане од креветот итн.) 2. а) Докрепи, се држи да остане неоштетен. Покривот не ја издржа тежината на снегот. Насипот ја издржа стихијата на дотечената река. б) Се одржи, задоволи определени барања, критериуми. Неговиот прв роман не ја издржа критиката. Машините не ја издржаа пробата. 3. Придржи мало дете при вршење нужда. Мајката го издржа детето. ‖ издржува, издржуваат несв. 1. Истрпува, поднесува, сп. издржи 1. 2. повт. кон зн. 3, издржи. 3. а) Му дава, му обезбедува некому средства за живот. Селаните го издржуваа попот. Јас ги издржувам моите родители. ● се ~ Сам се издржува, си обезбедува средства за живот, за задоволување на животните потребите. ‖ глаг. им. издржување ср.