издудне

Глагол, свршен

Значење на издудне:

1. За конец и сл. ‒ излезе, извлече од местото, од ушите на иглата; издене. На чиракот двапати му се издудна конецот додека ги шиеше копчињата.

2. (прен., грубо) Роди дете. Комшивкана издуднала уште едно пред некој ден.

Коњугација: издуднаа , издуднав , издуднал , издуднат , издуднат , издуднете , издудни , (ќе) издуднеа , (ќе) издуднев , (ќе) издуднел.

Изведени зборови:

  • се ~ издудне, Се извлече од некаде со тешкотија, едвај. Се издудна од креветот. Се издудна до вратата по чорапи.
  • (се) издуднува, глаг. несв. (се) издуднуваат

Оригинални податоци:

издудне, издуднат; издудни, издуднете; издуднав, издуднаа; издуднал; издуднат; (ќе) издуднев, (ќе) издуднеа; (ќе) издуднел св. 1. За конец и сл. ‒ излезе, извлече од местото, од ушите на иглата; издене. На чиракот двапати му се издудна конецот додека ги шиеше копчињата. 2. (прен., грубо) Роди дете. Комшивкана издуднала уште едно пред некој ден. ● се ~ Се извлече од некаде со тешкотија, едвај. Се издудна од креветот. Се издудна до вратата по чорапи. ‖ (се) издуднува, (се) издуднуваат несв.