издвои
Значење на издвои:
1. Двои нешто настрана, одделно од другите, од целината; двои, издели 2., одвои. Полицаецот издвои двајца од патниците.
2. Разграничи, оддели по класи, групи; дели 2. Авторот издвоил две основни групи елементи.
Коњугација: издвоен, издвоив , издвоија , издвоил , издвој , издвојат , издвојте , (ќе) издвоев , (ќе) издвоеја , (ќе) издвоел .
Изведени зборови:
- издвојување, глаг. им. ср.
- се ~ издвои, Се дели, се двои од целината. Тој се издвои од групата уште кога бевме кај пазарот.
- (се) издвојува, глаг. несв. (се) издвојуваат
Оригинални податоци:
издвои, издвојат; издвој, издвојте; издвоив, издвоија; издвоил; (ќе) издвоев, (ќе) издвоеја; (ќе) издвоел; издвоен св. 1. Двои нешто настрана, одделно од другите, од целината; сп. двои, издели 2., одвои. Полицаецот издвои двајца од патниците. 2. Разграничи, оддели по класи, групи; сп. дели 2. Авторот издвоил две основни групи елементи. ● се ~ Се дели, се двои од целината. Тој се издвои од групата уште кога бевме кај пазарот. ‖ (се) издвојува, (се) издвојуваат несв. ‖ глаг. им. издвојување ср.