изеде
Значење на изеде:
1. Со јадење потроши до крај, целосно; јаде. Сите тројца изедоа по една риба. Мачката ги изеде јајцата од седелото. Лисицата им ги изела кокошките.
2. (прен.) За пари, имот и сл. ‒ потроши. Ги изедоа парите од наследството. Тие ја изедоа својата плата за десет дена. Газдата ни изеде по три плати.
3. Нагризе, оштети (за киселина, молец итн.)
Коњугација: изедат , изеден, изедете , изеди , изедоа , изедов , изел , (ќе) изедеа , (ќе) изедев , (ќе) изедел .
Изведени зборови:
- изедува, глаг. несв. изедуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Ќе ги изедат црвите ‒ 1. Многу нечисто, запустено. 2. Ќе умрат. Изеде срам ‒ се засрами многу. Го изеде / изеде некого ‒ го малтретира, го измачува на некој начин. Му ја изеде душата ‒ го малтретира, го измачува на некој начин. Жив го изеде ‒ го измалтретира, го измачува на некој начин. Со очи ќе го изеде ‒ нападно гледа некого. Студот ги изеде (за човек) ‒ смрзне, измрзне многу. Студот ги изеде алиштата ‒ на студот алиштата побргу се сушат. Изеде студ ‒ се настуди, измрзне многу. Изеде страв ‒ многу се исплаши. Јаде/изеде ќотек ‒ е натепан; Изеде (сто оки) ќотек ‒ многу е натепан. Го изеде подебелиот стап ‒ настрада. Изеде трици ‒ зборува/прави глупости. Прстите да си ги изедеш ‒ многу вкусно зготвено. Го изеде јасникот/мракот ‒ исчезне, за некој што е убиен. Ме изеде змија; ме изеде јанѕа ‒ има лошо претчувство. Изел нога од кокошка/страчка ‒ многу зборува. Треба да изеде уште многу фурни леб ‒ треба да порасне, не е дораснат за некоја работа. Нема да те изедам ‒ не плаши се, ништо нема да ти се случи. Се изеде жив ‒ се изнервира многу за некоја работа. Ќе се изедат меѓусебе ‒ еден со друг ќе се уништат. Клетви: Срце да те изеде. Змија да те изеде. Јанѕа да те изеде. Ала да ме изеде троглава. Чума да го изеде. Врагот црн ве изел. Живина ве изела да би ве. Оса јазикот им го изела; Благослови: Да ја (го...) изедеме со здравје.
Оригинални податоци:
изеде, изедат; изеди, изедете; изедов, изедоа; изел; (ќе) изедев, (ќе) изедеа; (ќе) изедел; изеден св. 1. Со јадење потроши до крај, целосно; сп. јаде. Сите тројца изедоа по една риба. Мачката ги изеде јајцата од седелото. Лисицата им ги изела кокошките. 2. (прен.) За пари, имот и сл. ‒ потроши. Ги изедоа парите од наследството. Тие ја изедоа својата плата за десет дена. Газдата ни изеде по три плати. 3. Нагризе, оштети (за киселина, молец итн.) ◊ Ќе ги изедат црвите ‒ 1. Многу нечисто, запустено. 2. Ќе умрат. Изеде срам ‒ се засрами многу. Го изеде / изеде некого ‒ го малтретира, го измачува на некој начин. Му ја изеде душата ‒ го малтретира, го измачува на некој начин. Жив го изеде ‒ го измалтретира, го измачува на некој начин. Со очи ќе го изеде ‒ нападно гледа некого. Студот ги изеде (за човек) ‒ смрзне, измрзне многу. Студот ги изеде алиштата ‒ на студот алиштата побргу се сушат. Изеде студ ‒ се настуди, измрзне многу. Изеде страв ‒ многу се исплаши. Јаде/изеде ќотек ‒ е натепан; Изеде (сто оки) ќотек ‒ многу е натепан. Го изеде подебелиот стап ‒ настрада. Изеде трици ‒ зборува/прави глупости. Прстите да си ги изедеш ‒ многу вкусно зготвено. Го изеде јасникот/мракот ‒ исчезне, за некој што е убиен. Ме изеде змија; ме изеде јанѕа ‒ има лошо претчувство. Изел нога од кокошка/страчка ‒ многу зборува. Треба да изеде уште многу фурни леб ‒ треба да порасне, не е дораснат за некоја работа. Нема да те изедам ‒ не плаши се, ништо нема да ти се случи. Се изеде жив ‒ се изнервира многу за некоја работа. Ќе се изедат меѓусебе ‒ еден со друг ќе се уништат. Клетви: Срце да те изеде. Змија да те изеде. Јанѕа да те изеде. Ала да ме изеде троглава. Чума да го изеде. Врагот црн ве изел. Живина ве изела да би ве. Оса јазикот им го изела; Благослови: Да ја (го...) изедеме со здравје. ‖ изедува, изедуваат несв.