изглед

Именка, машки род

Значење на изглед:

1. Тоа што се гледа однадвор, надворешен лик, одраз на нешто. Таа внимаваше на својот изглед. Надворешниот изглед на куќата ги задоволи купувачите.

2. (обично во мн.) Очекување, надеж дека нешто ќе се случи. Има реални изгледи состанокот да се одржи в четврток.

Фразеолошки израз / поговорка:

На изглед ‒ како што се чини, според надворешноста.

Оригинални податоци:

изглед м. 1. Тоа што се гледа однадвор, надворешен лик, одраз на нешто. Таа внимаваше на својот изглед. Надворешниот изглед на куќата ги задоволи купувачите. 2. (обично во мн.) Очекување, надеж дека нешто ќе се случи. Има реални изгледи состанокот да се одржи в четврток. ◊ На изглед ‒ како што се чини, според надворешноста.