изгор
Само во еднина.
Значење на изгор:
1. Многу жешко време, летна горештина. На овој изгор не се работи.
2. (разг., прен.) Многу силна љубов. Го сака до изгор.
3. При обраќање кон сакан(а), љубен(а). Изгору мој.
4. (нар. поез.) изгора. Тага, љубовна болка. Да ти кажам до два збора до два изгора.
Оригинални податоци:
изгор (само едн.) м. 1. Многу жешко време, летна горештина. На овој изгор не се работи. 2. (разг., прен.) Многу силна љубов. Го сака до изгор. 3. При обраќање кон сакан(а), љубен(а). Изгору мој. 4. (нар. поез.) избр. мн. изгора. Тага, љубовна болка. Да ти кажам до два збора до два изгора.