изгори

Глагол, свршен

Значење на изгори:

1. а) Заврши со горење; гори Во пожарот изгореа две куќи. б) Заврши со светење; гори 2. Свеќата изгоре.

2. а) Потроши со горење. Изгоревме многу дрва оваа зима. б) (прен.) Се истроши во борба, неволја, тешкотии, се уништи. Го изгоре власта. Во борбата изгоре пред време.

3. Гори малку, загори, подгори, за јадење. Мисирката изгорела од едната страна.

4. (прен.) а) За човек ‒ премногу се изложи на сонце. Нè изгоре сонцето додека жниевме. Децата изгореле на летново сонце. б) За посев, земја и сл. ‒ се исуши, остане без влага. Земјата изгоре без дожд.

5. (прен.) Добие висока температура; гори 4. Болниот изгоре од температура.

6. (прен.) За слана ‒ попари, уништи посев и сл. Сланата ги изгоре посевите.

7. (прен.) Силно пропати за нешто. а) Љуби, пати по некого. Изгоре за неа. б) Сака нешто. Изгоре за вода.

8. (прен.) Надразни сетило за вкус, излути. Пиперките ме изгореа. Го изгоре ракијата. Си го изгоре јазикот од кафето.

9. Направи да биде уништено како последица на голема употреба, остар вкус, Му изгореа дробовите од ракија. Му изгореа џигерите. 1(разг.) Во разни игри, карти и др. Картите изгореа.

Коњугација: изгорат.

Изведени зборови:

  • се ~ изгори, Почувствува силно најчесто лут или остар вкус. Се изгоре од супата.
  • (се) изгорува, глаг. несв. (се) изгоруваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Го изгоре до срце ‒ навреди некого. Срцето му го изгоре ‒ многу е вљубен. Му изгоре папокот за мене ‒ не му е гајле. Клетви: Оган да те изгори; пушка го изгорела; да би оган те изгорел; оган го изгорел да би го.

Оригинални податоци:

изгори, изгорат св. 1. а) Заврши со горење; сп. гори 1. Во пожарот изгореа две куќи. б) Заврши со светење; сп. гори 2. Свеќата изгоре. 2. а) Потроши со горење. Изгоревме многу дрва оваа зима. б) (прен.) Се истроши во борба, неволја, тешкотии, се уништи. Го изгоре власта. Во борбата изгоре пред време. 3. Гори малку, загори, подгори, за јадење. Мисирката изгорела од едната страна. 4. (прен.) а) За човек ‒ премногу се изложи на сонце. Нè изгоре сонцето додека жниевме. Децата изгореле на летново сонце. б) За посев, земја и сл. ‒ се исуши, остане без влага. Земјата изгоре без дожд. 5. (прен.) Добие висока температура; сп. гори 4. Болниот изгоре од температура. 6. (прен.) За слана ‒ попари, уништи посев и сл. Сланата ги изгоре посевите. 7. (прен.) Силно пропати за нешто. а) Љуби, пати по некого. Изгоре за неа. б) Сака нешто. Изгоре за вода. 8. (прен.) Надразни сетило за вкус, излути. Пиперките ме изгореа. Го изгоре ракијата. Си го изгоре јазикот од кафето. 9. Направи да биде уништено како последица на голема употреба, остар вкус, Му изгореа дробовите од ракија. Му изгореа џигерите. 11. (разг.) Во разни игри, карти и др. Картите изгореа. ● се ~ Почувствува силно најчесто лут или остар вкус. Се изгоре од супата. ◊ Го изгоре до срце ‒ навреди некого. Срцето му го изгоре ‒ многу е вљубен. Му изгоре папокот за мене ‒ не му е гајле. Клетви: Оган да те изгори; пушка го изгорела; да би оган те изгорел; оган го изгорел да би го. ‖ (се) изгорува, (се) изгоруваат несв.