изграден
Значење на изграден:
1. Направен, изѕидан, целосно. Изградената куќа не била вселена.
2. Образован, подготвен, оспособен, стручен во доволна мера. Политички изградени кадри.
Членувана форма: изградениот.
Изведени зборови:
- изграденост, и. ж.
Оригинални податоци:
изграден, изградениот прид. 1. Направен, изѕидан, целосно. Изградената куќа не била вселена. 2. Образован, подготвен, оспособен, стручен во доволна мера. Политички изградени кадри. ‖ изграденост ж.