изгради

Глагол, свршен

Значење на изгради:

1. Подигне, изѕида градежен објект. Изгради куќа на крајот од селото. Селаните изградија мост на реката.

2. (прен.) За човек ‒ оспособи, направи некого доволно образован, стручен за нешто. Партијата брзо го изгради своето членство.

3. (прен.) Создаде, воспостави, оформи (за поими). Изгради строги критериуми. Изгради мислење. Ние изградивме коректни односи со своите соседи.

Коњугација: изградат.

Изведени зборови:

  • изградување, глаг. им. ср.
  • се ~ изгради, Кон зн. 2. Тој се изгради во голем борец за човекови права.
  • (се) изградува, глаг. несв. (се) изградуваат

Оригинални податоци:

изгради, изградат св. 1. Подигне, изѕида градежен објект. Изгради куќа на крајот од селото. Селаните изградија мост на реката. 2. (прен.) За човек ‒ оспособи, направи некого доволно образован, стручен за нешто. Партијата брзо го изгради своето членство. 3. (прен.) Создаде, воспостави, оформи (за поими). Изгради строги критериуми. Изгради мислење. Ние изградивме коректни односи со своите соседи. ● се ~ Кон зн. 2. Тој се изгради во голем борец за човекови права. ‖ (се) изградува, (се) изградуваат несв. ‖ глаг. им. изградување ср.