изгребе
Значење на изгребе:
1. Оштети со гребење до крај, целосно, издраска; гребе Ја изгреба тепсијата триејќи ја со остар предмет. Мачката го изгреба по лицето и рацете.
2. Иструже, отстрани со гребење; гребе 2. Ги изгреба сите котли и тепсии и им ги даде манџите на гостите.
3. Вреже со гребење. Во клупата го изгреба нејзиното име.
Коњугација: изгребаа , изгребав , изгребал , изгребан , изгребат , изгребен, изгребете , изгреби , (ќе) изгребеа , (ќе) изгребев , (ќе) изгребел .
Изведени зборови:
- се ~ изгребе, Се издраска. Се изгреба берејќи капини.
- (се) изгребува, глаг. несв. (се) изгребуваат
Оригинални податоци:
изгребе, изгребат; изгреби, изгребете; изгребав, изгребаа; изгребал; изгребан; (ќе) изгребев, (ќе) изгребеа; (ќе) изгребел; изгребен св. 1. Оштети со гребење до крај, целосно, издраска; сп. гребе 1. Ја изгреба тепсијата триејќи ја со остар предмет. Мачката го изгреба по лицето и рацете. 2. Иструже, отстрани со гребење; сп. гребе 2. Ги изгреба сите котли и тепсии и им ги даде манџите на гостите. 3. Вреже со гребење. Во клупата го изгреба нејзиното име. ● се ~ Се издраска. Се изгреба берејќи капини. ‖ (се) изгребува, (се) изгребуваат несв.