изгрми

Глагол, свршен

Значење на изгрми:

1. Загрми силно, многу, неколку пати едно по друго.

2. (прен.) Пукне од пушка, викне силно како да грми. Во истата минута изгрмеле две пушки. Полицаецот изгрме: Стој!

Коњугација: изгрмат.

Изведени зборови:

  • изгрмува, глаг. несв. изгрмуваат

Оригинални податоци:

изгрми, изгрмат св. 1. Загрми силно, многу, неколку пати едно по друго. 2. (прен.) Пукне од пушка, викне силно како да грми. Во истата минута изгрмеле две пушки. Полицаецот изгрме: Стој! ‖ изгрмува, изгрмуваат несв.