изгуби
Значење на изгуби:
1. а) Остане без нешто материјално; загуби. Ги изгубив клучевите. Го изгубив чадорот. б) Остане без некое својство, без можност да се служи со нешто. Го изгубил слухот. Го изгуби здравјето. Цвеќево го изгубило мирисот. в) Остане без некого (без син, брат, родител итн.) поради смрт. Изгубивме добар другар. Таа го изгуби брачниот другар многу рано.
2. Исчезне, излезе надвор од досегот на сетилните органи; губи 3. Гледаше по момчето додека не го изгуби од вид.
3. Претрпе загуба во работа, забава, војна и сл. Изгуби на карти. Ја изгуби битката со конкуренцијата.
4. Потроши време безполезно; губи 6. Изгуби многу време барајќи ја потребната литература.
Коњугација: изгубат.
Изведени зборови:
- се ~ изгуби, Исчезне без трага, го снема. Сонцето се изгуби зад хоризонтот. Човекот се изгуби во толпата. 2. Се онесвести. Девојката сосема се изгуби. 3. (прен.) Се занесе, стане неразумен, изгубен, дезориентиран. Во новата ситуација, тој сосема се изгуби.
Фразеолошки израз / поговорка:
Изгуби апетит ‒ не чувствува глад, потреба од храна. Изгуби глава ‒ 1. Загине. 2. Се занесе, стане неразумен, изгубен. Изгуби живот ‒ загине. Изгуби памет ‒ полуде.
Оригинални податоци:
изгуби, изгубат св. 1. а) Остане без нешто материјално; сп. загуби. Ги изгубив клучевите. Го изгубив чадорот. б) Остане без некое својство, без можност да се служи со нешто. Го изгубил слухот. Го изгуби здравјето. Цвеќево го изгубило мирисот. в) Остане без некого (без син, брат, родител итн.) поради смрт. Изгубивме добар другар. Таа го изгуби брачниот другар многу рано. 2. Исчезне, излезе надвор од досегот на сетилните органи; сп. губи 3. Гледаше по момчето додека не го изгуби од вид. 3. Претрпе загуба во работа, забава, војна и сл. Изгуби на карти. Ја изгуби битката со конкуренцијата. 4. Потроши време безполезно; сп. губи 6. Изгуби многу време барајќи ја потребната литература. ● се ~ Исчезне без трага, го снема. Сонцето се изгуби зад хоризонтот. Човекот се изгуби во толпата. 2. Се онесвести. Девојката сосема се изгуби. 3. (прен.) Се занесе, стане неразумен, изгубен, дезориентиран. Во новата ситуација, тој сосема се изгуби. ◊ Изгуби апетит ‒ не чувствува глад, потреба од храна. Изгуби глава ‒ 1. Загине. 2. Се занесе, стане неразумен, изгубен. Изгуби живот ‒ загине. Изгуби памет ‒ полуде.