изигра

Глагол, свршен

Значење на изигра:

1. Одигра вид игра, улога и сл. Јас изиграв неколку партии шах со внукот. Невестата изигра едно оро. Нашите актери ги изиграа успешно своите улоги во филмот.

2. (прен.) Излаже, измами, постапи спротивно на договореното, на определен задолжителен акт. Тој го изигра пријателот и не му ги врати парите. Тие ги изиграа сите одлуки на управата.

Коњугација: изиграат.

Изведени зборови:

  • изигрување, глаг. им. ср.
  • се ~ изигра, 1. Се наигра во доволна мера. Изиграј се, тука сме ние, те гледаме. 2. Се излаже, се измами.
  • (се) изигрува, глаг. несв. (се) изигруваат

Оригинални податоци:

изигра, изиграат св. 1. Одигра вид игра, улога и сл. Јас изиграв неколку партии шах со внукот. Невестата изигра едно оро. Нашите актери ги изиграа успешно своите улоги во филмот. 2. (прен.) Излаже, измами, постапи спротивно на договореното, на определен задолжителен акт. Тој го изигра пријателот и не му ги врати парите. Тие ги изиграа сите одлуки на управата. ● се ~ 1. Се наигра во доволна мера. Изиграј се, тука сме ние, те гледаме. 2. Се излаже, се измами. ‖ (се) изигрува, (се) изигруваат несв. ‖ глаг. им. изигрување ср.