изјасни се

Глагол, свршен

Значење на изјасни се:

1. За небо, време ‒ стане јасен, чист. Небото се изјасни.

2. Искаже, изнесе свој став, свое мислење. Населението се изјасни за комунален придонес. Двете партии се изјаснија за спроведување предвремени избори.

Коњугација: се изјаснат.

Изведени зборови:

  • изјаснување, глаг. им. ср. изјаснување Референдумско изјаснување.
  • се изјаснува, глаг. несв. се изјаснуваат

Оригинални податоци:

изјасни се, се изјаснат св. 1. За небо, време ‒ стане јасен, чист. Небото се изјасни. 2. Искаже, изнесе свој став, свое мислење. Населението се изјасни за комунален придонес. Двете партии се изјаснија за спроведување предвремени избори. ‖ се изјаснува, се изјаснуваат несв. ‖ глаг. им. изјаснување ср. Референдумско изјаснување.