излае
Значење на излае:
1. За куче ‒ се огласи со лаење, залае.
2. (прен., пејор.) Избрбори, каже пред некого тоа што не треба да се знае. Не мислејќи многу, тој излаја пред присутните сè што беше чул.
Коњугација: излаат , излаен, излај , излајаа , излајав , излајал , излајан , излајте , (ќе) излаев , (ќе) излаеја , (ќе) излаел .
Изведени зборови:
- се ~ излае, Кон зн. 2. Тој се излајал пред нив без да мисли за последиците.
- (се) излајува, глаг. несв. (се) излајуваат
Оригинални податоци:
излае, излаат; излај, излајте; излајав, излајаа; излајал; излајан; (ќе) излаев, (ќе) излаеја; (ќе) излаел; излаен св. 1. За куче ‒ се огласи со лаење, залае. 2. (прен., пејор.) Избрбори, каже пред некого тоа што не треба да се знае. Не мислејќи многу, тој излаја пред присутните сè што беше чул. ● се ~ Кон зн. 2. Тој се излајал пред нив без да мисли за последиците. ‖ (се) излајува, (се) излајуваат несв.