излее

Глагол, свршен

Значење на излее:

1. Истури течност од сад и сл., направи да претекува. Тој излеа едно шише бензин на суровите дрва и ги запали. Жената ја излеа валканата вода од кофата.

2. Направи, измоделира од топен метал и сл. Првите топови произведени во нашата земја ги излеаја работниците на оваа фабрика. Тој излеваше разни фигури од восок и ги продаваше низ градот.

3. (прен.) Им дава слободен замав или израз на своите чувства, расположби и сл. Поетот ја излеа својата љубов кон саканата во песна. Окупаторот го излеа својот бес на недолжното население.

4. (прен.) За светлосен извор: месечина, сонце и сл. ‒ рашири светлина. Месечината ја излеала својата светлина по улиците на градот.

Коњугација: излеав , излеаја , излеал , излеан , излеат , излеен, излеј , излејте , (ќе) излеев , (ќе) излееја , (ќе) излеел .

Изведени зборови:

  • излевање, глаг. им. ср.
  • (се) излева, глаг. несв. (се) излеваат
  • се ~ излее, 1. За воден тек (река и сл.) ‒ излезе од коритото. Од силните дождови реката се излеа на неколку места. 2. За течна маса во сад и сл. ‒ се пролее. Од трускањето на колата по ископаниот пат ширата се излеа од бурилото.

Оригинални податоци:

излее, излеат; излеј, излејте; излеав, излеаја; излеал; излеан; (ќе) излеев, (ќе) излееја; (ќе) излеел; излеен св. 1. Истури течност од сад и сл., направи да претекува. Тој излеа едно шише бензин на суровите дрва и ги запали. Жената ја излеа валканата вода од кофата. 2. Направи, измоделира од топен метал и сл. Првите топови произведени во нашата земја ги излеаја работниците на оваа фабрика. Тој излеваше разни фигури од восок и ги продаваше низ градот. 3. (прен.) Им дава слободен замав или израз на своите чувства, расположби и сл. Поетот ја излеа својата љубов кон саканата во песна. Окупаторот го излеа својот бес на недолжното население. 4. (прен.) За светлосен извор: месечина, сонце и сл. ‒ рашири светлина. Месечината ја излеала својата светлина по улиците на градот. ● се ~ 1. За воден тек (река и сл.) ‒ излезе од коритото. Од силните дождови реката се излеа на неколку места. 2. За течна маса во сад и сл. ‒ се пролее. Од трускањето на колата по ископаниот пат ширата се излеа од бурилото. ‖ (се) излева, (се) излеваат несв. ‖ глаг. им. излевање ср.