излета
Значење на излета:
1. За птица, инсект што лета ‒ летне надвор од нешто. Врапчињата излетаа од гнездото. Мува излета од тенџерето во коешто беше месото.
2. Излезе од лежиштето, од местото каде што треба да биде ‒ најчесто за превозно средство. Од силниот удар три вагони излетале од шините. По судирот на автомобилите, возачот на едниот автомобил излетал од предниот прозорец.
3. (прен.) Се движи многу брзо излегувајќи од некаде. Излета од дома. Војниците излетаа од касарната на знакот за тревога.
4. (прен.) Каже нешто без да размисли, неконтролирано. Прашањето му излета нанесакана.
Коњугација: излетаат.
Изведени зборови:
- излетува, излетуваат повт. ◊ Срцето му излета од радост
- излетување, глаг. им. ср.
- страв, и сл. ‒ почувствува голема радост
- страв, и сл. ‒ почувствува голема радост
Оригинални податоци:
излета, излетаат св. 1. За птица, инсект што лета ‒ летне надвор од нешто. Врапчињата излетаа од гнездото. Мува излета од тенџерето во коешто беше месото. 2. Излезе од лежиштето, од местото каде што треба да биде ‒ најчесто за превозно средство. Од силниот удар три вагони излетале од шините. По судирот на автомобилите, возачот на едниот автомобил излетал од предниот прозорец. 3. (прен.) Се движи многу брзо излегувајќи од некаде. Излета од дома. Војниците излетаа од касарната на знакот за тревога. 4. (прен.) Каже нешто без да размисли, неконтролирано. Прашањето му излета нанесакана. ‖ излетува, излетуваат повт. ◊ Срцето му излета од радост/страв и сл. ‒ почувствува голема радост/страв и сл. ‖ глаг. им. излетување ср.