излезе
Значење на излезе:
1. Се појави надвор однекаде, напушти некое место, некоја средина. Од сниската куќичка излезе средовечна жена. Густ чад излезе од подрумот. Излезе на порта.
2. (прен.) Се извлече, се ослободи од некоја состојба, положба. Нашето претпријатие излезе од тешката положба.
3. Се појави во јавност, се објави, се отпечати (книга, списание, весник и сл.) Мојата книга излезе од печат.
4. Се појави како резултат. Сите овие работи излегле од моите раце.
5. Се појави пред некого, на повик, по задача и сл. Момчињата за првпат излегоа пред воена комисија. Скараните комшии излегоа пред судијата за прекршоци.
6. Се појави, се покаже на телото како последица или израз на некоја состојба. На лицето од болниот му излегоа мозолчиња.
7. Отиде, оди некаде. Таа излезе на прошетка. Ќе излезам да купам нешто.
8. (прен.) Испадне, се покаже како последица. Неговото прашање излезе неумесно. Оваа работа излезе многу тешка. Тој излезе плашлив.
9. (прен.) безл. Излезе дека нивните мажи не се јавиле на работа.
10. За пат ‒ води, доведува. Оваа улица излегува на езерото. Тунелот за бегство излегуваше на една мала уличка.
11. За небесно тело ‒ изгрее, се појави на небесниот свод. Месечината излезе в зори. 1За нечистотија, дамка и сл. ‒ се исчисти, се отстрани. Бојата со ништо нема да излезе. 12. Заличи на некого, се истера на некого. Целиот излезе на татко му. 13. Наспроти, истапи пред јавност (со реферат, став, мислење и сл.). На симпозиумот тој излезе со реферат. 14. За сметка ‒ се покаже. Колку излезе сето тоа?
Коњугација: излегле , излегоа , излегов , излегол , излезат , излезен, излезете , излези , (ќе) излезеа , (ќе) излезев , (ќе) излезел .
Изведени зборови:
- излегува, глаг. несв. излегуваат
- излегување, глаг. им. ср. излегување, PLUR_излегувања При тие чести излегувања в чаршија купуваше по нешто.
Фразеолошки израз / поговорка:
Излезе од умот ‒ се исплаши, се вчудовиди. Му излезе на некого пред очи ‒ се појави пред некого. Излезе на крај со нешто ‒ се справи, излезе од некоја ситуација. Не му излегува од глава/ум ‒ не може да заборави. На нос ми (му...) излезе ‒ ми (му...) преседне некоја работа.
Оригинални податоци:
излезе, излезат; излези, излезете; излегов, излегоа; излегол, излегле; (ќе) излезев, (ќе) излезеа; (ќе) излезел; излезен св. 1. Се појави надвор однекаде, напушти некое место, некоја средина. Од сниската куќичка излезе средовечна жена. Густ чад излезе од подрумот. Излезе на порта. 2. (прен.) Се извлече, се ослободи од некоја состојба, положба. Нашето претпријатие излезе од тешката положба. 3. Се појави во јавност, се објави, се отпечати (книга, списание, весник и сл.) Мојата книга излезе од печат. 4. Се појави како резултат. Сите овие работи излегле од моите раце. 5. Се појави пред некого, на повик, по задача и сл. Момчињата за првпат излегоа пред воена комисија. Скараните комшии излегоа пред судијата за прекршоци. 6. Се појави, се покаже на телото како последица или израз на некоја состојба. На лицето од болниот му излегоа мозолчиња. 7. Отиде, оди некаде. Таа излезе на прошетка. Ќе излезам да купам нешто. 8. (прен.) Испадне, се покаже како последица. Неговото прашање излезе неумесно. Оваа работа излезе многу тешка. Тој излезе плашлив. 9. (прен.) безл. Излезе дека нивните мажи не се јавиле на работа. 10. За пат ‒ води, доведува. Оваа улица излегува на езерото. Тунелот за бегство излегуваше на една мала уличка. 10. За небесно тело ‒ изгрее, се појави на небесниот свод. Месечината излезе в зори. 11. За нечистотија, дамка и сл. ‒ се исчисти, се отстрани. Бојата со ништо нема да излезе. 12. Заличи на некого, се истера на некого. Целиот излезе на татко му. 13. Наспроти, истапи пред јавност (со реферат, став, мислење и сл.). На симпозиумот тој излезе со реферат. 14. За сметка ‒ се покаже. Колку излезе сето тоа? ◊ Излезе од умот ‒ се исплаши, се вчудовиди. Му излезе на некого пред очи ‒ се појави пред некого. Излезе на крај со нешто ‒ се справи, излезе од некоја ситуација. Не му излегува од глава/ум ‒ не може да заборави. На нос ми (му...) излезе ‒ ми (му...) преседне некоја работа. ‖ излегува, излегуваат ‖ глаг. им. излегување, мн. излегувања ср. При тие чести излегувања в чаршија купуваше по нешто.