излиже

Глагол, свршен

Значење на излиже:

1. а) Со лижење изеде целосно, до крај. Децата го излижаа сладоледот. б) Со јазикот помине по некоја површина. Загарот му ги излижа рацете на својот господар.

2. Направи да се изаби целосно, да се излити. Со секојдневното возење на велосипед тој брзо ги излижа панталоните. Ако вака се слизгаш, брзо ќе го излижеш ѓонот на чевлите.

3. Истрие, измазни (обично камен) ‒ под дејство на истечна, проточна вода. Реката беше ги излижала карпите покрај брегот.

Коњугација: излижаа , излижав , излижал , излижан , излижат , излижен, излижете , излижи , (ќе) излижеа , (ќе) излижев , (ќе) излижел .

Изведени зборови:

  • се ~ излиже, Кон зн. 2. Гумите на колата за една година сосема ќе се излижат.
  • (се) излижува, глаг. несв. (се) излижуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Прстите да си ги излижеш ‒ многу вкусно приготвено.

Оригинални податоци:

излиже, излижат; излижи, излижете; излижав, излижаа; излижал; излижан; (ќе) излижев, (ќе) излижеа; (ќе) излижел; излижен св. 1. а) Со лижење изеде целосно, до крај. Децата го излижаа сладоледот. б) Со јазикот помине по некоја површина. Загарот му ги излижа рацете на својот господар. 2. Направи да се изаби целосно, да се излити. Со секојдневното возење на велосипед тој брзо ги излижа панталоните. Ако вака се слизгаш, брзо ќе го излижеш ѓонот на чевлите. 3. Истрие, измазни (обично камен) ‒ под дејство на истечна, проточна вода. Реката беше ги излижала карпите покрај брегот. ● се ~ Кон зн. 2. Гумите на колата за една година сосема ќе се излижат. ◊ Прстите да си ги излижеш ‒ многу вкусно приготвено. ‖ (се) излижува, (се) излижуваат несв.