излока
Значење на излока:
1. Со локање испие, целосно; лока. а) За животно ‒ обично: куче, мачка и сл. Кучето ја излока чорбата од чинијата. б) (прен., пејор.) За човек ‒ лакомо, дрчно, во поголемо количество испие. Тоа весело друштво од пијаници му го излока на домаќинот сето вино.
2. За истечна вода и сл. ‒ издлаби, поткопа ‒ терен, пат, крајбрежно земјиште и сл. Силните дождови ги излокаа патиштата.
Коњугација: излокаат.
Оригинални податоци:
излока, излокаат св. 1. Со локање испие, целосно; сп. лока. а) За животно ‒ обично: куче, мачка и сл. Кучето ја излока чорбата од чинијата. б) (прен., пејор.) За човек ‒ лакомо, дрчно, во поголемо количество испие. Тоа весело друштво од пијаници му го излока на домаќинот сето вино. 2. За истечна вода и сл. ‒ издлаби, поткопа ‒ терен, пат, крајбрежно земјиште и сл. Силните дождови ги излокаа патиштата.