изложи

Глагол, свршен

Значење на изложи:

1. Постави, изнесе на показ, на гледање. Прилепската фабрика изложи на саемот нови видови цигари. Некои сликари ги изложија своите слики на градскиот плоштад.

2. Се искаже, изнесе, објасни. Комисијата го изложи својот предлог пред директорот. Командантот му го изложи планот за напад на градот на одредот.

3. (прен.) Стави во неповолна положба. Вие ги изложивте и луѓето и коњите на студ и мраз.

Коњугација: изложат.

Изведени зборови:

  • изложување, глаг. им. ср.
  • се ~ изложи, Се стави во неповолна положба. Ние непотребно се изложивме на непријателски оган. Докторот несвесно се изложи на голем ризик.
  • (се) изложува, глаг. несв. (се) изложуваат

Оригинални податоци:

изложи, изложат св. 1. Постави, изнесе на показ, на гледање. Прилепската фабрика изложи на саемот нови видови цигари. Некои сликари ги изложија своите слики на градскиот плоштад. 2. Се искаже, изнесе, објасни. Комисијата го изложи својот предлог пред директорот. Командантот му го изложи планот за напад на градот на одредот. 3. (прен.) Стави во неповолна положба. Вие ги изложивте и луѓето и коњите на студ и мраз. ● се ~ Се стави во неповолна положба. Ние непотребно се изложивме на непријателски оган. Докторот несвесно се изложи на голем ризик. ‖ (се) изложува, (се) изложуваат несв. ‖ глаг. им. изложување ср.