измачка
Значење на измачка:
1. Направи нешто да биде намачкано; мачка. Мајсторот измачка гипс по ѕидовите.
2. Истрие со нешто мачкајќи со лековита материја. Таа ги измачка децата со домашна ракија.
3. Направи да биде размачкано, извалкано. Децата ја измачкале масата со боички и лепило.
Коњугација: измачкаат.
Изведени зборови:
- се ~ измачка, Кон зн. 2 и 3. Децата се измачкале играјќи со кал.
- (се) измачкува, глаг. несв. (се) измачкуваат
Оригинални податоци:
измачка, измачкаат св. 1. Направи нешто да биде намачкано; сп. мачка. Мајсторот измачка гипс по ѕидовите. 2. Истрие со нешто мачкајќи со лековита материја. Таа ги измачка децата со домашна ракија. 3. Направи да биде размачкано, извалкано. Децата ја измачкале масата со боички и лепило. ● се ~ Кон зн. 2 и 3. Децата се измачкале играјќи со кал. ‖ (се) измачкува, (се) измачкуваат несв.