измами

Глагол, свршен

Значење на измами:

1. Се послужи со лага, измама; излаже, мами. Тие двајца го измамиле туристот продавајќи му ја двапати истата приколка.

2. Изнуди, извлече, обично пари, материјални добра. Тие сакаа да измамат пари од момчето.

3. Натера, предизвика да се појави, да излезе. Убавото време ги измами децата надвор.

Коњугација: измамат.

Изведени зборови:

  • се ~ измами, Се излаже. Меѓународните експерти се измамија во оценката на квалитетот на рудата.
  • (се) измамува, глаг. несв. (се) измамуваат

Оригинални податоци:

измами, измамат св. 1. Се послужи со лага, измама; излаже, сп. мами. Тие двајца го измамиле туристот продавајќи му ја двапати истата приколка. 2. Изнуди, извлече, обично пари, материјални добра. Тие сакаа да измамат пари од момчето. 3. Натера, предизвика да се појави, да излезе. Убавото време ги измами децата надвор. ● се ~ Се излаже. Меѓународните експерти се измамија во оценката на квалитетот на рудата. ‖ (се) измамува, (се) измамуваат несв.