измени

Глагол, свршен

Значење на измени:

1. Направи да биде поинаков. Тие го изменија распоредот на мебелот во дневната соба. Професорот го измени ланскиот распоред на часови. Втората светска војна ја измени политичката карта на светот.

2. Смени, замени со друг, таков или поинаков. Режисерот им ги измени имињата на главните лица од мојата пиеса. Таа измени неколку бои на нараквицата што ја плетеше, но ниедна од нив не ја задоволи.

Коњугација: изменат.

Изведени зборови:

  • изменување, глаг. им. ср.
  • се ~ измени, Стане поинаков. Тој се измени по последните настани. По војната се изменија условите на животот.
  • (се) изменува, глаг. несв. (се) изменуваат

Оригинални податоци:

измени, изменат св. 1. Направи да биде поинаков. Тие го изменија распоредот на мебелот во дневната соба. Професорот го измени ланскиот распоред на часови. Втората светска војна ја измени политичката карта на светот. 2. Смени, замени со друг, таков или поинаков. Режисерот им ги измени имињата на главните лица од мојата пиеса. Таа измени неколку бои на нараквицата што ја плетеше, но ниедна од нив не ја задоволи. ● се ~ Стане поинаков. Тој се измени по последните настани. По војната се изменија условите на животот. ‖ (се) изменува, (се) изменуваат несв. ‖ глаг. им. изменување ср.