измете

Глагол, свршен

Значење на измете:

Исчисти со метла некаква површина (плоштина) остранувајќи го ѓубрето или какви и да било странични предмети од неа. Девојчињата го изметоа дворот. Станарите од зградата го изметоа снегот од тротоарите.

Коњугација: измел , изметат , изметен, изметете , измети , изметоа , изметов , (ќе) изметеа , (ќе) изметев , (ќе) изметел .

Изведени зборови:

  • изметува, глаг. несв. изметуваат
  • изметување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

измете, изметат; измети, изметете; изметов, изметоа; измел; (ќе) изметев, (ќе) изметеа; (ќе) изметел; изметен св. Исчисти со метла некаква површина (плоштина) остранувајќи го ѓубрето или какви и да било странични предмети од неа. Девојчињата го изметоа дворот. Станарите од зградата го изметоа снегот од тротоарите. ‖ изметува, изметуваат несв. ‖ глаг. им. изметување ср.