измие
Значење на измие:
Со вода отстрани нечистотија од нешто (раце, лице, садови). Си ги изми рацете. Сестрата го изми болниот со млака вода. Девојчето ги изми садовите. Дождот ги изми улиците.Коњугација: измив , измиен, измиј , измија , измијат , измијте , измил , (ќе) измиев , (ќе) измиеја , (ќе) измиел .
Изведени зборови:
- измивање, глаг. им. ср.
- (се) измива, глаг. несв. (се) измиваат
- се ~ измие, Децата станаа и се измија на чешмата.
Фразеолошки израз / поговорка:
Измие раце од некоја работа ‒ отфрли одговорност за нешто.
Оригинални податоци:
измие, измијат; измиј, измијте; измив, измија; измил; (ќе) измиев, (ќе) измиеја; (ќе) измиел; измиен св. Со вода отстрани нечистотија од нешто (раце, лице, садови). Си ги изми рацете. Сестрата го изми болниот со млака вода. Девојчето ги изми садовите. Дождот ги изми улиците. ● се ~ Децата станаа и се измија на чешмата. ◊ Измие раце од некоја работа ‒ отфрли одговорност за нешто. ‖ (се) измива, (се) измиваат несв. ‖ глаг. им. измивање ср.