измине

Глагол, свршен

Значење на измине:

1. Помине одредено растојание, пат, дел од пат. Бригадата измина голем дел од патот.

2. За време ‒ помине, одмине. Времето измина бргу, а тој не дојде.

Коњугација: изминаа , изминав , изминал , изминат , изминат , изминете , измини , (ќе) изминеа , (ќе) изминев , (ќе) изминел.

Изведени зборови:

  • изминува, глаг. несв. изминуваат
  • изминување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

измине, изминат; измини, изминете; изминав, изминаа; изминал; изминат; (ќе) изминев, (ќе) изминеа; (ќе) изминел св. 1. Помине одредено растојание, пат, дел од пат. Бригадата измина голем дел од патот. 2. За време ‒ помине, одмине. Времето измина бргу, а тој не дојде. ‖ изминува, изминуваат несв. ‖ глаг. им. изминување ср.