измолкне
Значење на измолкне:
Извади, извлече нешто од негде. Момчето го измолкна мечот од пазувите и го фрли пред противникот. Со два прста го измолкна пликот од џебот.Коњугација: измолкнаа , измолкнав , измолкнал , измолкнал , измолкнат , измолкнат , измолкнете , измолкни , (ќе) измолкнеа , (ќе) измолкнев , (ќе) измолкнел.
Изведени зборови:
- се ~ измолкне, 1. Се провлече меѓу две нешта, две препреки и сл. Човекот се измолкна од под амбарот за царевка. Змијата се измолкна полека, првин главата, потоа целата од под каменот. 2. (прен.) Се извади, се извлече, се ослободи. Тој секогаш и брзо се измолкнува од такви ситуации. Тие ќе се измолкнат од блокадата. 3. (прен., разг.) Брзо израсте, се извиши. Момчето се измолкна последнава година.
- (се) измолкнува, глаг. несв. (се) измолкнуваат
Оригинални податоци:
измолкне, измолкнат; измолкни, измолкнете; измолкнав, измолкнаа; измолкнал; измолкнал; измолкнат; (ќе) измолкнев, (ќе) измолкнеа; (ќе) измолкнел св. Извади, извлече нешто од негде. Момчето го измолкна мечот од пазувите и го фрли пред противникот. Со два прста го измолкна пликот од џебот. ● се ~ 1. Се провлече меѓу две нешта, две препреки и сл. Човекот се измолкна од под амбарот за царевка. Змијата се измолкна полека, првин главата, потоа целата од под каменот. 2. (прен.) Се извади, се извлече, се ослободи. Тој секогаш и брзо се измолкнува од такви ситуации. Тие ќе се измолкнат од блокадата. 3. (прен., разг.) Брзо израсте, се извиши. Момчето се измолкна последнава година. ‖ (се) измолкнува, (се) измолкнуваат несв.