измолзе
Значење на измолзе:
1. Со молзење извлече млеко од животно; молзе. Овчарите ги измолзија овците.
2. (прен.) Материјално искористи друго лице. Децата ја измолзеа старата, ѝ ги зедоа сите пари и сиот имот.
Коњугација: измолгле , измолгоа , измолгов , измолгол , измолзат , измолзен, измолзете , измолзи , (ќе) измолзеа , (ќе) измолзев , (ќе) измолзел .
Изведени зборови:
- измолзува, глаг. повт. измолзуваат
Оригинални податоци:
измолзе, измолзат; измолзи, измолзете; измолгов, измолгоа; измолгол; измолгле; (ќе) измолзев, (ќе) измолзеа; (ќе) измолзел; измолзен св. 1. Со молзење извлече млеко од животно; сп. молзе. Овчарите ги измолзија овците. 2. (прен.) Материјално искористи друго лице. Децата ја измолзеа старата, ѝ ги зедоа сите пари и сиот имот. ‖ измолзува, измолзуваат повт.